Шкендија се намачи, но го доби Вардар и го зголеми водството

Тоа што некогаш беше големо дерби во македонскиот фудбал, пресметката помеѓу тетовска Шкендија и Вардар, оваа сезона нема на „сила“ колку во минатото поради состојбата кај актуелниот шампион по повлекувањето на спонзорот Сергеј Самсоненко. И покрај ова, младите фудбалери на Вардар дадоа достоен отпор на Шкендија, која се помачи да стигне до 2:1 победа со која го зголеми водството на врвот на табелата.

Мевљан Мурати им донесе водство на лидерите на табелата во 15-тата минута, но само две минути подоцна Мартин Мирчевски израмни на 1:1. Сепак, трите поени останаа во Тетово откако Арменд Алими во 62. минута постигна гол.

Откако Шкупи одигра само 0:0 против Академија Пандев, Шкендија сега има осум поени предност на табелата пред скопскиот клуб.

ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО

Шкендија – Вардар 2:1

Беласица – Струга 1:2

Македонија Ѓорче Петров – Борец 0:0

Пелистер – Ренова 3:1

Шкупи – Академија Пандев 0:0

Табела: 1.Шкендија 45, 2.Шкупи 37, 3.Македонија ЃП 35, 4.Струга 32, 5.Работнички 28, 6.Вардар 26, 7.Борец 26, 8.Силекс 23, 9.Пелистер 22, 10.Ренова 19, 11.Академија Пандев 12, 12.Беласица 12.