Ново признание за најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат дел од Олимписките игри во Париз.
Денеска беа објавени судиите кои ќе ја делат правдата на ракометниот турнир на Олимписките игри, а меѓу нив е и македонската двојка, Начевски и Николов.
За нив ова ќе биде четврта Олимпијада. Начевски и Николов важат за една од најдобрите судиски двојки во светот, потврда за тоа беше што ја делеа правдата на финалето од минатите Олимписки игри кога за златниот медал во Токио се бореа Данска и Франција.