Стојанче Стоилов во стручниот штаб на Лазаров за натпреварите со Фарски Острови

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров денеска го објави поширокиот список на ракометари за бараж натпреварот против Фарски Острови.

Но, со објавувањето на овој список беше потврдено и дека во македонската репрезентација како дел од стручниот штаб се враќа Стојанче Стоилов.

Поранешниот пикер на репрезентацијата ќе ја има улогата на помошник тренер. Против Фарски Острови првиот натпревар го играме на 8. мај на гостински терен со почеток од 20:00 часот, додека домаќини ќе бидеме на 12. мај во СЦ „Борис Трајковски“.

Ќе потсетиме, дел од стручниот штаб се веќе поранешните ракометари: Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Претходна вестПромовирана новата генерација полициски службеници
Следна вестПретрес во Штип, пронајдена дрога