Претрес во Штип, пронајдена дрога

Вчера по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје и полициски службеници од Полициската станица при СВР Штип го лишиле од слобода Б.М.(32) од Штип.

При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага.

Лицето е задржано во полициска станица и во текот на денот со кривичната пријава ќе биде предаден на судија на претходна постапка за понатамошно постапување.

Претходна вестСтојанче Стоилов во стручниот штаб на Лазаров за натпреварите со Фарски Острови
Следна вест81-годишен скопјанец каснат од улично куче во Лисиче