81-годишен скопјанец каснат од улично куче во Лисиче

Три лица вчера биле каснати од улични кучиња на подрачјето на Скопје.

– На 26.04.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ј.(81) од Скопје пријавил дека во нaселбата Горно Лисиче во Скопје бил каснат од куче скитник.

– На 26.04.2024 во 20.45 часот во Полициска станица Драчево, Н.Т.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Румена Хаџи Панзова“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

– На 26.04.2024 во 23.45 часот во Полициска станица Драчево, А.Ј.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Претходна вестПретрес во Штип, пронајдена дрога
Следна вестМаж бил физички нападнат од својата партнерка, интервенирала полицијата