Димитријевиќ со „метла“ до полуфиналето во ВТБ

Ненад Димитријевиќ и Уникс Казањ го продолжуваат победничкиот поход во ВТБ-лигата, каде македонскиот репрезентативец со својот тим рутински се пласираше во полуфиналето од ова натпреварување.

По двете победи на домашен терен, Димитријевиќ и соиграчите денеска и како гости славеа над составот на Самара (), за максимална победа од 3-0 во оваа четвртфинална серија. Уникс одлично го отвори мечот и во раната фаза стигна до двоцифрена предност, но Самара не се откажа и до крајот на полувремето успеа да се врати. Домаќините за момент дури и успеаја да поведат, но Димитријевиќ постигна тројка во важен момент, иницирајќи нова серија на големиот фаворит кој повторно успеа да се одлепи и на крајот да слави двоцифрена победа.

Македонскиот репрезентативец одигра уште еден одличен натпревар и со 15 поени и 7 асистенции беше меѓу најзаслужните за победата, а најефикасни во таборот на Уникс беа Лабери и Рејнолдс со по 17 поени.

Претходна вестДимитриевски: ЗНАМ е опција која ќе ја придвижи Македонија напред
Следна вестПавле Трајанов реизбран за претседател на Демократски сојуз