Скопје нема мир кога се во прашање депониите. Особено се загрижувачки дивите депонии кои те горат, те растат, иако надлежните ни велат дека ги чистат. Вчера во главниот град пак се активираше пожар на „Вардариште”, а веќе неколку дена гори и депонија во Арачиново, на излезот кон Грушино.
Има ли место за страв кај скопјани дека пак ќе зачестат пожарите кои минатите години направија многу штета и загадување на воздухот или ова се инцидентни проблеми? Градската и општинските власти во Скопје треба брзо да даваат одговор и решенија како да се избегне повторно загадување.
Минатата година буквално гореше на повеќе места, градот се гушеше во чад од запалени депонии, а граѓаните секојдневно алармираа и протестираа поради труење и небезбеден воздух.
Тогаш надлежните ветува – чистење, контроли, санкционираме, бараме системско и трајно решение. Овој пат ветувањето не е доволно, мора навремено да се реагира со редовно и соодветно чистење, како и со засилени инспекции. Многумина за да биде така земаат високи плати, време е да ги одработат.


