Темен режим Режим на светлина

Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина

Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер, ја посетија работилницата за мозаик и рубин која се реализира во ДСУЛД „Лазар Личеноски“.

Станува збор за иновативен пристап кој ги поврзува геологијата, уметноста и едукацијата, преку практична работа со минерали – со посебен фокус на рубинот како симбол и материјал. Работилницата веќе е во тек и претставува редок пример каде природните ресурси се претвораат во креативен и едукативен процес со пошироко општествено значење.

Посетата е дел од пошироките активности на Министерството насочени кон поврзување на енергетиката и рударството со образованието, иновациите и креативните индустрии – како клучен сегмент од современите политики за одржлив развој.

„ Ваквите проекти се конкретен пример како се гради нов наратив за енергетиката и рударството – не само како сектор, туку како простор за знаење, иновации и поврзување со културата. Нашата цел е природните ресурси да станат дел од образованието, креативноста и економијата. Токму таму се создава вистинската додадена вредност за државата. Ваквите иницијативи се важен чекор кон градење нов пристап во секторот – каде младите се директно вклучени, а ресурсите се користат како алатка за учење, иновации и развој на нови вештини. “, истакна министерката Божиновска.

Амбасадорот Прескер ја поздрави соработката и поддршката на вакви проекти, нагласувајќи дека тие создаваат конкретни резултати и долгорочни партнерства меѓу институциите, образованието и граѓанскиот сектор.

Во рамки на посетата, министерката Божиновска и амбасадорот Прескер симболично се вклучија и во самиот креативен процес, учествувајќи во изработката на мозаикот инспириран од рубинот. Преку овој гест, тие дадоа поддршка на идејата за поврзување на природните ресурси со уметноста и образованието, испраќајќи силна порака за значењето на креативноста, инклузијата и заедничкото создавање како двигатели на одржливата иднина.

Работилницата е дел од проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, поддржан од Амбасадата на Република Словенија, а го реализираат Центарот за истражување на природата и културата „Nature Expedition“ и здружението „Дијалог“. Проектот комбинира геологија, сторителинг и уметност преку изработка на мозаик инспириран од рубинот. Дополнителна вредност на процесот е и инклузивната компонента – во активностите се вклучуваат и млади лица со Даунов синдром, со што проектот добива и силна општествена димензија.

Во рамки на активностите се изработуваат два мозаика – едниот ќе биде поставен во мермерниот комплекс во Беловодица како дел од концепт за отворена галерија, а вториот ќе биде изложен во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

Проектот „Вештини – клучот на зелената економија“ отвора нова перспектива: од ресурс – до знаење, од минерал – до приказна, од образование – до одржлива иднина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Тоневски: Инвестиција од 4,7 милиони денари за подобра инфраструктура во Пробиштип

Тоневски: Инвестиција од 4,7 милиони денари за подобра инфраструктура во Пробиштип

Следна објава
Вкупен промет од 8.604.997 денари, со доминација на банкарските акции во дневното тргување

Вкупен промет од 8.604.997 денари, со доминација на банкарските акции во дневното тргување