Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Кошаркарот на УНИКС од Казан, Ненад Димитријевиќ, е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига. УНИКС прв заврши во лигата, прв пат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваковиот успех.

Сезонава 26-годишниот Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки. Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4-1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.

Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против московска ЦСКА забележа рекордни 40 поени со 9 асистенции и 6 скока.

-За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/2024, изјави Димитријевиќ и додаде:

-Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим УНИКС, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.

Нено во УНИКС дојде во сезоната 2022/2023 како позајмен од Валенсија, а по завршувањето на истата потпиша перманентен договор со клубот од Казан.

Претходна вестТечат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
Следна вестОдложено гласањето за резолуцијата за Сребреница во ОН, текстот се испраќа на ревизија