Темен режим Режим на светлина

Пукање во скопско Љубанци, нема повредени лица

Синоќа во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека имало пукање со огнено оружје во с.Љубанци, скопско. Полициски службеници излегле на местото и по преземените мерки било констатирано дека во наведеното време во с.Љубанци настанала расправија помеѓу А.С.(24) од с.Волково, скопско и М.С.(26) од с.Никиштане, скопско, од една страна и А.Ј.(20) од с.Љубанци и Ф.Д.(22) од с.Радишани, скопско, од друга, по што А.С. бил физички нападнат, информираат од МВР.

Според пријавеното, М.С. помислил дека и тој може да биде нападнат и испукал неколку куршуми во воздух и заминал од местото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Шкендија се намачи, но го доби Вардар и го зголеми водството

Следна објава

Скопски градоначалници, што направивте за градот освен ДУП-овите за да растат згради?