Скопски градоначалници, што направивте за градот освен ДУП-овите за да растат згради?

Викендот жителите на Ѓорче Петров се кренаа на протест против реализација на деталниот урбанистички план за изградба на 17 нови згради, а истовремено и иницијативата „На точак“ реагира за сличен проблем во Влае. Имено, вториве тврдат дека наместо велосипедски патеки и зеленило на државното земјиште покрај улицата „Ангел Динев“ и училиштето „Димо Хаџи Димов, креаторите на планот предвиделе домување и со тоа ја уништиле единствената можност за попречна велосипедска патека во Влае што ќе ги поврзе „Партизанска“ и „Васил Чакаларов“.

Град Скопје и општина Карпош пак како да си ја префрлаат топката.
– Град Скопје се обидува да постави велосипедска патека секаде каде е можно на градските улици. Но, оваа е општинска улица и дали крај неа ќе има велопатека, парк, паркинг или нешто сосема друго, одлучува општината, а не градот, објаснуваат градските власти. Додека пак, од Општина Карпош се оградуваат образложувајќи дека сите регулациски планови ги носи Градот Скопје и истите ги усогласува согласно важечкиот Генерален урбанистички план.

Голем дел од скопјани се гневни:
-Во што се разликувате од вашите претходници?! Шилегов, Богоев, Наумоски, вас ве прашуваме?! Што направивте за да имаме зеленило, незагаден воздух, убави споредни улици…? Ништо! Ама за да никнат згради гласате ДУП-ови за 20 минути, Секоја во чест!- коментираат скопјани.

Граѓаните се лути оти секоја наредна локална власт се повеќе ги бетонизира општините, создавајќи неподносливи услови за живеење, оти на Скопје му треба провев, а не затворање на просторот.

Претходна вестПукање во скопско Љубанци, нема повредени лица
Следна вестОд денеска до среда Денови на црногорската култура во Македонија