Поранешниот претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел, упати остра критика кон претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за нејзиниот стил на раководење, опишувајќи го како авторитарен. Тој обвини и дека Комисијата ги маргинализира институционалните механизми за контрола и рамнотежа. „Постои супер авторитарно владеење. Комесарите повеќе немаат никаква улога“, рече Мишел.
Тој исто така го критикуваше политичкиот програм на Фон дер Лајен, наведувајќи дека нема доволен напредок во зајакнувањето на единствениот пазар, финансиските пазари и одбраната на Европската унија.
Дополнително, Мишел повика на поцврст став на ЕУ кон САД.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



