Темен режим Режим на светлина

Во кои делови на Скопје денеска ќе нема струја?

Утрово без струја во дел од Карпош и Аеродром Утрово без струја во дел од Карпош и Аеродром

Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без струја ќе останат неколку локации во Скопје и околината.
Според објавеното од Електродистрибуција, прекините се најавени во село Морани и викенд-населбата Морани, во делови од Момин Поток, како и на дел од улицата „Иван Аговски“ во Општина Карпош.

Во Морани и викенд-населбата Морани прекинот е планиран од 08:00 до 15:30 часот.
Во Момин Поток, на улиците „1506“ и „1550“, како и кај фирмите „Електроводомонт“, „Стил Железо“ и „Европа 92“, струја нема да има од 08:30 до 15:00 часот.
На дел од улицата „Иван Аговски“ во Карпош прекинот е најавен од 09:00 до 13:00 часот.

Од Електродистрибуција наведуваат дека станува збор за планирани прекини поврзани со реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Убав јубилеј на скопската зоолошка, но и потсетник колку малку грижа и внимание ѝ се дало во минатото

Убав јубилеј на скопската зоолошка, но и потсетник колку малку грижа и внимание ѝ се дало во минатото

Следна објава
САД има доволно оружје за долготраен судир вели Трамп; со што располага Иран?

Трамп: Поморската блокада врз иранските пристаништа нема да биде укината се додека не се потпише договор