Словачкиот претседател Петер Пелегрини најави дека на 4 јули ќе се одржи референдум на кој граѓаните во Словачка ќе одлучуваат за укинување на доживотната издршка за високите функционери, вклучително и за актуелниот премиер Роберт Фицо по завршувањето на неговиот мандат.
Премиерите и претседателите на парламентот во Словачка кои служеле најмалку два мандата, во моментов уживаат привилегија на доживотна државна издршка во висина на пратеничка плата.
Иницијативата за референдум ја покрена вонпарламентарната опозициска партија „Демократи” и ја потпишаа над 350.000 граѓани, што е законскиот праг потребен за клучно прашање да се стави на референдумско изјаснување.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






