Темен режим Режим на светлина

Лефков: Билатералните спорови да не се сопка на патот кон ЕУ, туку реформирањата за подобрување на системот

Лефков: Билатералните спорови да не се сопка на патот кон ЕУ, туку реформирањата за подобрување на системот Лефков: Билатералните спорови да не се сопка на патот кон ЕУ, туку реформирањата за подобрување на системот

Изборите во Бугарија се внатрешно прашање, патот на Македонија кон ЕУ да не зависи од билатерални спорови туку од реформската агенда која Власта неуморно работи на истите, истакна пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков.

Според него, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи солидно во насока на исполнување на реформската агенда и сите реформи кои се наложени од европскиот пат.

Бугарската Влада знае дека има солиден партнер во македонската Влада, се надеваме дека и тие ќе бидат на нивото на задачата и нема да влеземе во еден процес на дополнително блокирање. Она што е најважно, е тоа дека европските стандарди, европските критериуми се за доброто на народот,  за доброто на сите. Затоа што, на крајот на денот секој граѓанин има корист од поквалитетно управување со јавни финансии, секој има корист од реформа во јавната администрација. Сите граѓани имаат корист од владеење на правото и реформи во судството и сметам дека нашиот источен сосед, како земја членка на ЕУ, со новата Влада треба да ги препознае овие вредности и да работиме на подобрување на поврзаноста, инфрасттруктурата и на сите други полиња на кои што можеме да соработуваме заклучи Лефков.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Филипче: Наместо политика за добрососедство, власта користи националистичка реторика и прави вештачки непријатели

Филипче: Наместо политика за добрососедство, власта користи националистичка реторика и прави вештачки непријатели

Следна објава
Уапсен дилер од Турција: во Скопје „развил” бизнис со марихуана и со обложување

Откриена мини плантажа со садници канабис во Аеродром, уапсен 50-годишен скопјанец