Темен режим Режим на светлина

Се гаси ли една од најважните гранки, со која државата се гордеела во минатото: За 30 години бројот на овците намален за околу 2 милиона

АХВ со итни мерки по појавата на сипаници кај овци и кози АХВ со итни мерки по појавата на сипаници кај овци и кози

Исчезнува ли сточарството во Македонија? Ќе гледаме ли немо како тивко се гаси една од најважните гранки, со која државата се гордеела во минатото?

Оти ако само се погледнат информации за бројот на овците сега и предходно, ситуацијата е алармантна и не остава простор за надеж: од околу 780 илјади овци пред десетина години, денес бројот паднал под 500 илјади. Но, ако се вратиме три децении наназад, тогаш Македонија имала над 2,4 милиони овци – што значи дека денес се изгубени повеќе од две третини од сточниот фонд.

Некогаш масовно извезувавме јагнешко месо и бевме препознатливи на странските пазари, особено во Италија, а денес извозот е симболичен и далеку од тие нивоа. Ова не е само пад на бројки, туку колапс на една цела стопанска гранка што ги хранел и државата и го зачувувал населението во селата. Последиците одамна се пристуни – увезуваме месо, селата се празнат, а сточарите исчезнуваат еден по еден.

Кој ќе произведува храна утре, ако денес не се спасат тие што сè уште останале и ако не се направи јасна стратегија за наредните 10-15 години како Македонија да си ги врати овците на своите пасишта?

Без тој план, без директни субвенции и без вистинска поддршка, овој пад нема да запре.
Затоа, или ќе го спасиме сточарството сега, или утре ќе плаќаме многу поскапо за увозна храна.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Мишел со остра критика кон Фон дер Лајен: Таа раководи авторитарно, ЕУ-Комесарите немаат никаква функција

Мишел со остра критика кон Фон дер Лајен: Таа раководи авторитарно, ЕУ-Комесарите немаат никаква функција

Следна објава
По сончевите викенд денови, следниве неколку дена облаци и повремен дожд

По сончевите викенд денови, следниве неколку дена облаци и повремен дожд