Прв мартовски ден пол со сонце, но и слаб северен ветер

Времето денеска во скопското подрачје ќе биде сончево, до крајот на денот со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 14 степени

На останати подрачја во Македонија претпладне ќе биде сончево и свежо, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 9 до 16 Целзиусови степени.

До четврток ќе преовладува сончево време, а од петок ќе има зголемување на облачноста со локален дожд кон крајот на денот. Утре ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Утринските температури во следните денови на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во пораст.

Претходна вестОд денеска до среда Денови на црногорската култура во Македонија
Следна вестИм треба ли курс за средување на документација, па барем вакцините на „Фајзер“ и „АстраЗенека“ да стигнат?