Иранската полуслужбена агенција Тасним објави дека Иран лансирал дронови кон американски воени бродови во Омански залив, кратко по американската заплена на ирански товарен брод.
Според истите наводи, засега нема информации за причинета штета.
Иранската воена команда ја нарече американската операција прекршување на примирјето и порача дека ќе одговори на, како што го опишуваат, „чин на вооружено пиратство” на американската морнарица.
Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека нема планови за нова рунда преговори со САД, обвинувајќи го Вашингтон за кршење на договорите и непријателски дејствија за време на претходните разговори.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

