Темно Режим Светло Режим

Прегазена 45-годишна жена во светиниколско, починала на лице место

Тешка сообраќајна несреќа во која загинала жена се случила изутринава во светиниколско, информира денеска полицијата.

-На 09.10.2020 во 06.27 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат во с.Кадрифаково, светиниколско, патничко возило „Форд фокус“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Т.Г.(43) од с.Ерџелија, светиниколско, удрило во пешакот С.П.(45) од с.Кадрифаково. Во незгодата, С.П. се здобила со повреди и починала на местото на незгодата, се наведува во соопштението.

Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Свети Николе во координација со Јавен обвинител.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Центар, Аеродром и Карпош со денови со најмногу заболени од вирусот

Следниот Пост

Одложен почетокот на кошаркарската сезона