Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство, денеска по добиена судска наредба, извршила претрес на дом и други простории кај Е. Ф. (23) во с. Ломница, Гостиварско, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 396 од КЗ.
При претресот од лицето С. Ф. (татко на Е. Ф.) пронајдени и одземени се две автоматски пушки, четири рамки за автоматски пушки, 231 куршум за автоматска пушка и 20 патрони за ловна пушка.
Лицата се лишени од слобода во ПС Гостивар, извршен е службен разговор, во кој С. Ф. појаснил дека пронајденото оружје и муниција се негови и по извршеното вештачење, во консултација со јавниот обвинител од ОЈО Гостивар, ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.