Тешко повредена 68-годишна жена во Карпош, ја удрил „Џип“

Во сообраќајна незгода во општина Карпош вчера тешко повредена е 68-годишна жена откако во неа удрило возило „Џип“, информира полицијата.

Се наведува дека nа 31.01.2024 во 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дрезденска“ со ул.„Багдатска“ во Скопје, патничко моторно возило „џип“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(74) од Скопје, удрило во пешакот В.П.(68) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.П. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза, соопшти полицијата во дневниот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестАнтикорупциската комисија ќе се укине или во Обвинителството некој ќе дава оставка?
Следна вестПри претрес на дом во Гостивар пронајдени автоматски пушки и муниција