Семејствата на починатите пензионери ќе добиваат помош од 35.000 денари

Висината на исплатата на посмртната помош што се исплатува на семејството на починатиот пензионер изнесува 35.000 денари за починатите пензионери од 1 јануари 2024 година, соопшти денеска Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. Тоа е за 5.000 денари повисока посмртна помош отколку што изнесуваше досега. Истовремено, висината на задршката за солидарниот фонд е намалена од 150 на 140 денари.

Овој износ ќе го добиваат семејствата на починатите пензионери од јануари до 30 јуни, а е резултат на одлуката за времено определување на висината на задршката за солидарен фонд  – посмртна помош, членарина и висината на исплатата на посмртна помош на здружението на пензионери. Таа е донесена на крајот на 2023 година, а е објавена во Службен весник на 27 декември лани.

Во овој шестмесечен период, според одлуката, од пензиите ќе се одвојуваат по 140 денари за солидарниот фонд што е помалку за 10 денари од претходниот износ. Овој износ за солидарниот фонд на пензионерите им е пресметан во јануарската пензија која веќе ја примаат.

Претходна вестБавно оди експропријацијата за автопатите на „Бехтел и Енка“: Речиси половина од земјиштето не е откупено
Следна вестЗемјоделците ги блокираа улиците и подметнаа пожар во Брисел