Фудбалската федерација на Македонија ги објави термините за воведното коло од пролетниот дел на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, која ќе продолжи на 10 февруари.
Првото пролетно коло ќе биде отворено со дуелите меѓу Шкупи и Тиквеш, како и дербито Шкендија – Струга. Ден подоцна на програмата се натпреварите Вардар – Арсими и Силекс – Башкими, додека 17. коло ќе биде комплетирано на 12 февруари со средбите Брера Струмица – Македонија ЃП и Пелистер – Работнички.
Сите натпревари ќе започнат во истиот термин, од 14:00 часот.
Во пресрет на продолжението на шампионатот, Вардар ја држи лидерската позиција на табелата со 42 бода, еден повеќе од Струга, додека Шкендија е на третото место со шест бода помалку од водечкиот тим.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: