Просечниот Американец не може да си дозволи нов автомобил

За да купите ново возило, потребен ви е приход од 100.000 долари годишно, а просечното американско семејство заработува 80.000 долари годишно. Цените на новите автомобили се зголемени за неверојатни 30 проценти во последните четири години, покажуваат последните податоци на „Ко-пилот“, а пишува Политика рс.

Пандемијата со коронавирус, инфлацијата и недостатокот на евтини опции се чини дека се главни причини поради кои просечниот Американец повеќе не може да си го дозволи луксузот да купи ново возило. Америка е вториот најголем производител на автомобили во светот во 2023 година, веднаш зад Кина, а производителите почнаа да следат некои нови трендови во автомобилската индустрија.

Ако се знае дека само секој десетти продаден автомобил во САД чини помалку од 30.000 долари, не е ни чудо што Американците возат и ги чуваат своите автомобили се подолго и подолго.

Дури ни купувањето половен автомобил не е многу поповолна опција бидејќи податоците покажуваат дека само една третина, поточно 28 отсто од тие возила чинат помалку од 20.000 долари, пишува „Карбаз“.

Најновите бројки покажуваат дека просечната цена на ново продадено возило во Америка е околу 48.451 долари. Трговското издание „Маркет Воч“ забележува дека на американските купувачи на автомобили им треба годишен приход од 100.000 долари за да купат ново возило.

Од друга страна, статистиката покажува дека просечниот приход во едно американско домаќинство е нешто поголем од 80.000 долари. Ова покажува дека новите автомобили поскапеле, но и дека Американците не се платени како пред 20 години, имајќи ја предвид реалната куповна моќ.

Претходна вестОсновци од Кавадарци монтирале глави од девојчиња на експлицитни фотографии
Следна вестВработените во Фондот за здравство се заканија со штрајк ако им се намалат платите