Ова е новиот најбогат човек на светот

Според Листата на милијардери во реално време, достапна на порталот на магазинот Форбс, јужноафриканскиот богаташ Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на лицето на Земјата, а не е ни познатиот бизнисмен Џеф Безос. Новиот најбогат човек на светот е францускиот тајкун Бернар Арно и неговото семејство, а богатството кое ги стави на прво место изнесува 207,6 милијарди долари, додека Маск има „само“ 204,7 милијарди.

Вака сега изгледа листата на најбогати луѓе.

Топ 10 најбогати луѓе во светот

10. Стив Болмер – 118,8 милијарди

9. Сергеј Брин – 121,7 милијарди

8. Бил Гејтс – 122,9 милијарди

7. Лери Пејџ – 127,1 милијарда

6. Ворен Бафет – 127,2 милијарди

5. Марк Закерберг – 139,1 милијарда

4. Лери Елисон – 142,2 милијарди

3. Џеф Безос – 181,3 милијарди

2. Илон Маск – 204,7 милијарди

1. Бернар Арно со семејството – 207,6 милијарди

Кој е новиот најбогат човек на светот?

Бернар Арно е Французин кој ја води најголемата империја за луксузна облека, а неговата компанија „Louis Vuitton Moët Hennessy“ (LVMH) поседува многу брендови. Само некои од нив се „Louis Vuitton“, „Sephora“, „Hennessy“, „Marc Jacobs“…

Роден е во Рубе на 5-ти март 1949 година во богато семејство, а на млада возраст започнал успешен градежен бизнис. Откако во 1984 година банкротирал тогашниот сопственик на „Dior“, Арно го откупил овој бренд, а потоа се посветил на неговата трансформација во компанија каква што е денес. Потоа, во 1989 година, тој стана мнозински акционер на „LVMH“ и ја создаде најголемата светска групација на луксузни производи.

Во следните децении продолжи да купува луксузни брендови на облека, парфеми, алкохол, накит и часовници, а денес поседува повеќе од 70 такви имиња.

Арно зад себе има брак со Ен Деваврин, а од 1991 година е во брак со Елен Мерсие. Има пет деца: Делфин, Антоан, Фредерик, Жан и Александре.

Претходна вестДеца нападнати во Градски парк
Следна вестЈунајтед Груп и нејзината матична компанија Summer BidCo B.V. успешно ги формираa цените за издавање обврзници во вкупен износ од 1,73 милијарди евра