Словенија досега има платено 260.000 евра отштета за тешки компликации по вакцината против Ковид-19

Министерството за здравство на Словенија досега платило вкупно 260.000 евра отштета за пет случаи на тешки компликации по вакцинацијата против Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Пет лица ги примиле вакцините „комирнати“ од компанијата „Фајзер“ или „ваксеврија“ од компанијата Астра Зенека.

Во периодот од 2022 до 2024 година во Министерството за здравство пристигнале 221 барање, а 20 барања се уште се во обработка, пренесе агенцијата СТА.

Назначен е комитет да го испита секое тврдење и да утврди дали постои причинско-последична врска помеѓу вакцинацијата и ефектите.

Инвалидската комисија за јавно здравствено осигурување ЗЗЗС е задолжена да даде мислење дали оштетувањето на здравјето се рефлектира со сериозно и трајно влошување на виталните функции.

Во ноември во еден случај биле исплатени 20.000 евра, додека другите четири во јуни 2024 година, сите во износ од 60.000 евра.

Во Словенија два случаи на смрт по вакцинација се најдоа на насловните страници.

Во септември 2021 година, млада жена беше донесена во Универзитетската болница во Љубљана и почина и покрај итната интервенција.

Претходно истата година, во мај, сопругата на словенечки дипломат почина од мозочен удар во Белгија, откако ја прими истата вакцина, пренесува Танјуг.

Претходна вестНе функционирам со рокови и со ултиматуми, Мицкоски за ставот на „Вреди“ дека Уставот мора да се смени за шест месеци
Следна вестJа ограбил продавницата во Драчево па се вратил гол да ги плати производите