Основци од Кавадарци монтирале глави од девојчиња на експлицитни фотографии

Обвинителството доби вештачење за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци. Од ЈО потврдија попладнево за МИА дека наодот од нареденото вештачење тукушто е доставен до обвинителството и се разгледува, по што ќе биде донесена одлука. Вештачењето било во врска со монтажите.

На 25 октомври, МИА информираше дека ОЈО Кавадарци оформи предмет за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци. Тогаш, ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци достави известување против непознати лица.

-ОЈО Кавадарци веднаш оформи предмет и ќе даде насоки да се преземат дејствија за откривање на сторители, рекоа тогаш од ЈОРМ.

Настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци, се случил надвор од училиштето, потврдија околу средината на октомври, од ДПИ.

Претходна вестАрсовска: Ставаме крај на дивата депонија во Визбегово
Следна вестПросечниот Американец не може да си дозволи нов автомобил