Темно Режим Светло Режим

Саем за туризам во Скопје посветен на македонските рурални домаќинства

Македонските  рурални домаќинства и бизниси ќе бидат во фокусот на Саемот за туризам кој ќе се одржи на 31 јануари и 1 февруари во Скопје.

Целта е да се приближи руралниот и искуствен туризам до јавноста. Организаторите најуваат  обединување на најавтетнтичните приказни од цела Македонија. На саемот ќе се претстават мали рурални домаќинства со капацитет до 20-тина легла, автентични семејни винарии, ресторански услуги , како и земјоделски и рурални бизниси кои нудат мир, природна убавина и топло гостопримство.

Предвидена е богата програма наменета за домашни и странски посетители, збогатена со музички и стенд-ап перформанси, како и детски катчиња.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Уапсен е вработен во Основниот суд Гостивар осомничен за примање мито

Следниот Пост

Не се сите судии корумпирани: Здружението на судии бара да не се генерализира