Шилегов: На „Васил Ѓоргов“ прекопот го изврши ЕВН додека улицата не беше завршена

Неодамнешниот прекоп на тукушто реконстурираната улица „Васил Ѓоргов“ ја извршила компанијата ЕВН, а асфалтот сега е поправен, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој го објасни случајот кој деновиве предизвика лавина коментари на граѓаните откако се случи тукушто асфaлтираната улица повторно да е ископана.

-Улицата не беше завршена. ЕВН еднаш изврши прекоп, но јас не бев задоволен од тоа како изгледаше. Имаше опасност улицата да пропадне, и за неколку месеци да имаме дупка. Од тие причини дадов налог да се поправи таа линија на кабелот на ЕВН и како што може да видите асфалтот е слеан, одговори Шилегов на прашањето дали ќе биде казнета компaнијата.

Реконструираната улица во населбата Капшиштец денеска е пуштена во сообраќај, а обновата е направена на делот од од  улицата Франклин Рузвелт до булеварот Мајка Тереза.

– И официјално заврши големата градежна офанзива на Градот. Во текот на оваа есен извршивме сериозна реконструкција на над 40 километри инфраструктура. Не застануваме тука, новиот пакет на градот е веќе спремен и во текот на  следните дваесетина дена треба да започне продолжувањето на изградбата на булеварот Никола Карев од касарната Илинден до клучката со Момин поток и потоа да влеземе во целосно решавање на сообраќајниот јазол кај клучката со Момин поток што е еден од главните сообраќајни јазли, рече Шилегов.

Претходна вестИ Гази Баба надмина 1.000 активни случаи од корона вирусот
Следна вест62-годишниот татко кој е осомничен дека ја силувал ќерката ставен во притвор