62-годишниот татко кој е осомничен дека ја силувал ќерката ставен во притвор

Во притвор е ставен 62-годишен скопанец коj полицијата вчера го осомничи дека ја силувал сопствената ќерка. Од страна на судијата му е изречен притвoр во траење од 30 дена.

Вчера, Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 62-годишен скопјанец, осомничен за родосквернавење.

-Осомничениот, на 9 ноември во неговиот дом, почнал да пие алкохол по што се нафрлил и извршил обљуба врз својата ќерка. Оштетената се противела и го туркала, но не успеала да се оттргне од осомничениот, беше наведено во соопштението.

Претходна вестШилегов: На „Васил Ѓоргов“ прекопот го изврши ЕВН додека улицата не беше завршена
Следна вестФилипче: Полициски час уште не е потребен, но можни се дополнителни мерки