Темно Режим Светло Режим

Синдикат на полицијата: Ги „украсивте“ полициските станици, а полицајците возат неисправни возила

Решавање на проблемите со униформите и со неисправните службени возила, побара од МВР, синдикат на полиција во Македонија.

-Ги „украсивте“ полициските станици, а полициските службеници се возат во неисправни возила, униформата сѐ уште ја нема комплет, зимата кај и да е доаѓа, а младите колеги, бројка и до неколку илјади и понатаму ќе мрзнат со популарната јакна, тешка ни повеќе ни помалку од ‘300 грама‘. До кога полициските службеници ќе ги извршуваат службени задачи прошарани со униформа ‘кој од каде ќе се снајде‘ и до кога ќе се радуваме на донации господа од Министерството“, пишува во соопштението.

Од Синдикатот на полицијата велат дека правдата е на нивна страна и дека нивната цел не е само да седнат во удобни фотелји, туку и да се изборат за подобри услови за работа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Тешко повредено момче при нагло кочење на градски автобус

Следниот Пост

Нова причина за сообраќаен метеж во Центар, ќе се снимал филм