Филипче: Освен препораките од минатата недела нема потреба од други рестрикции

Во овој момент освен препораките од минатата недела нема потреба од други дополнителни рестрикции поради Ковид-19, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој потсети дека минатата недела здравствените власти препорачале да нема собири со повеќе од четири лица после 22 часот, да нема собири со повеќе од четири лица во домашни услови.

– Од формално правен аспект треба да се промени законот, заради тоа што сите овие мерки вклучително и носење на лична заштитна опрема на отворено се регулираше со уредба со законска сила која се донесе при крајот на вонредната состојба. За да може ова да се спроведе и за да може институциите да го контролираат иако не се спроведува да го санционираат мора да се направи законска измена. Најбрз начин е да се интервенира амандмански во Законот за заштита на населението од заразни болести кој е веќе во собраниска процедура, рече Филипче.

Претходна вестОд утре радијаторите ќе бидат топли, колку, ќе зависи од времето надвор
Следна вестАнализа: Сега од вирусот најмногу заболуваат лица на возраст од 30 – 39 години