Рекорден број на заразени од вирусот во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа на територијата на нашата држава се направени 2.441 тестирања, а регистрирани се 445 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 249, Куманово – 12, Штип – 13, Прилеп – 25, Тетово – 16, Струга – 7, Велес – 7, Битола – 14, Охрид 0 12, Кавадарци-3, Гостивар – 12, Гевгелија – 2, Струмица – 36, Крива Паланка – 5, Радовиш – 7, Кочани – 6, Пробиштип – 1, Берово – 2, Виница – 3, Делчево – 2, Свети Николе – 4, Кичево – 6, Ресен – 1.

Во болнички услови починати се 9 лица, двајца пациенти од Скопје (72 и 62 г.), еден од Куманово (66 г.), двајца од Струга (58 и 65 г.), еден од Струмица (80 г.), еден од Крива Паланка (83 г.), од Пробиштип (60 г.) и пациент од Свети Николе (65 г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти од: Скопје – 77, Куманово – 15, Штип – 11, Прилеп – 7, Тетово – 11, Струга – 1, Велес – 1, Битола – 5, Гостивар – 12, Гевгелија – 2, Струмица – 14, Радовиш – 3, Кочани – 18, Пробиштип – 2, Пехчево-1, Берово – 5, Валандово -4, Виница – 2, Свети Николе – 2, Кичево – 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.636, бројката на оздравени пациенти е 16.591, на починати е 809, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.236. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 8872, активни 1969
• Куманово 1898, активни 168
• Дебар 294, активни 36
• Штип 1381, активни 125
• Прилеп 839, активни 181
• Тетово 1622, активни 226
• Струга 727, активни 65
• Велес 392, активни 69
• Битола 403, активни 111
• Охрид 476, активни 60
• Кавадарци 284, активни 63
• Гостивар 1003, активни 84
• Гевгелија 205, активни 93 (13 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 30 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 473, активни 281
• Крива Паланка 161, активни 54
• Радовиш 148, активни 62
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 512, активни 201
• Пробиштип 130, активни 18
• Демир Хисар 62, активни 1
• Македонски Брод 95, активни 2
• Пехчево 48, активни 4
• Берово 155, активни 51
• Валандово 64, активни 36
• Виница 141, активни 46
• Делчево 195, активни 103 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 27, активни 3
• Свети Николе 407, активни 59
• Кичево 363, активни 37
• Ресен 171, активни 10
• Неготино 68, активни 18 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2441 теста се преку: ИЈЗ – 454, ЦЈЗ Скопје – 58, Авицена – 495, Биотек – 278, МАНУ – 292, Жан Митрев (Филип Втори) – 375, Систина со PCR-метода -218, лабораторија Лаор – 99, Судска медицина – 14, ЦЈЗ Битола – 55, Инфективна клиника -7 , ГАК – 25, Синлаб – 71, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 211.790 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на Ковид-19, нема хоспитализирани пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 84
• Гази Баба – 180
• Аеродром – 400
• Карпош – 344
• Центар – 353
• Кисела Вода – 232
• Ѓорче Петров – 169
• Бутел – 74
• Шуто Оризари – 13
• Студеничани – 3
• Сарај – 17
• Арачиново – 4
• Илинден – 28
• Сопиште – 17
• Чучер Сандево – 6
• Петровец –8
• Зелениково – 5
• Странец – 11
• Нераспределен-21

Претходна вестМинистерството за здравство со извинување: Извештајот за заразени доцни
Следна вестАпелација денеска расправа за случајот „Саздовски“