Темен режим Режим на светлина

Амбасадорката на САД во Киев најави повлекување од функцијата

Амбасадорката на САД во Киев најави повлекување од функцијата Амбасадорката на САД во Киев најави повлекување од функцијата

Вршителката на должноста амбасадор на САД во Киев, Џули Дејвис, ќе се повлече од функцијата и ќе замине во пензија во јуни 2026 година, потврдија американски претставници и Стејт департментот.

Иако „Фајненшл тајмс“ објави дека причината е несогласување со политиките на претседателот Доналд Трамп, Стејт департментот ги демантираше тие наводи. Од таму нагласија дека Дејвис останува посветена на напорите за постигнување траен мир меѓу Русија и Украина.

Дејвис ја презеде функцијата во мај 2025 година, по оставката на нејзината претходничка Бриџит Бринк. Нејзиното повлекување доаѓа во време кога преговорите за прекин на огнот се во застој, а администрацијата на Трамп се соочува со критики за односот кон Украина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Лидл прогласен за лидер во безбедноста при работа во домашниот услужен сектор

Лидл прогласен за лидер во безбедноста при работа во домашниот услужен сектор

Следна објава
Нова олитичка криза во Косово: Ако до утре не се избере Претседател, ќе се распушти Собранието

Косово не избра претседател во уставниот рок, се очекува во наредните денови да се распишат нови избори