Што бидна со анализата за смртноста од вирусот што ја најави министерот Филипче?

Бројот на починати пациенти од вирусот константно се зголемува. Бројот на новозаразени во Македонија на дневно ниво е фрапантен…

Вчерашниот црн биланс кога само за едно деноноќие имаше девет починати и нови 445 инфицирани лица од корона вирусот – плаши. До каде ќе оди ова? Се прави ли се за да се намали силата на пандемијата?

Она што требаше да помогне на некој начин беше и анализата зошто во овој период има се поголем број на починати лица. Неа пред дваесетина дена ја најави министерот за здравство Венко Филипче. Но никако да слушнеме дека анализата е направена и дека од извлечените заклучоци. А таа требаше да покаже што е она што дополнително би можело да се преземе како превенција особено за посериозно болните пациенти.

Оттогаш до сега помина доволно време да се направи таквата анализа, ама… За поголемиот број на починати лица веќе до сега се знаат многу работи од заразувањето па до починувањето. Се знае, сигурно, кога тие пациенти се јавувале на матични лекари, кога биле упатувани во болниците, дали имале претходни заболувања… Сето тоа треба да се покаже во анализата, за јавноста да знае што се случува. Впрочем пред се треба да знаат и самите медицинари, за да се превземаат посоодветни мерки со цел – намалување на смртноста од вирусот. 

Инаку, нашите здравствени власти во почетниот период на ескалирањето на бројот на починатите лица даваа објаснување дека главната причина е тоа што пациентите многу доцна се јавувале за помош. Односно, доаѓале доцна во болниците, но и тоа дека имале претходни заболувања заради кои нивниот организам не можел да му се спротивстави на вирусот. Таквите наводи се постојано содржани во неделните анализа кои ги прави Институтот за јавно здравје.

Очигледно е дека работите со опасниот вирус излегуваат од контрола и дека нешто посериозно треба да се преземе.  Не е доволно да ти текне дека треба сите задолжителното да носат маски насекаде, па дури и кога граѓанинот е сам на улица или да се ограничи на бројот на гостите по домовите.

Претходна вестКазнети 628 лица за неносење маски
Следна вестЗарем странските инвеститори уште не слушнале дека Шекеринска седна на столчето во НАТО?