Казнети 628 лица за неносење маски

Во текот на изминатото деноноќие во Македонија по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 628 прекршоци, соопшти денеска МВР.

Санкција за овој вид прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност а доколку се плати во рок од осум дена десет евра.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Претходна вестПоразително: Без возачка дозвола возеле 60 лица, 63 возила биле неисправни и нерегистрирани
Следна вестШто бидна со анализата за смртноста од вирусот што ја најави министерот Филипче?