ВМРО-ДПМНЕ: Македонска пошта е новиот бонбона бизнис на мафијата на власт

Мафијата на власт на чело со Зоран Заев очигледно е тргната во целосна распродажба на Македонија, а последна во низата најави е продажбата на Македонски пошти, соопшти денеска опозициската вМРО-ДПМНЕ.

Оваа партија ја обвинува владеачаката СДСМ дека откако ја ликвидираа Еуростандард банката преку кој се вршеше платниот промет, ликвидноста на Македонски пошти е во слободен пад.

-И сега мафијата на власт најлесно им е да направат некој нов бонбона бизнис, да продадат државна сопственост и така да купат уште некој месец социјален мир. Во овие 4 години власт ништо не изградија, ниту еден посериозен инвеститор не донесоа, ама први се да направат некоја распродажба. Во оваа линија им е и намерата да го распродадат целокупното државно земјиште, која ја објави Зоран Заев и на тој начин да ја заокружат идејата за упропастување на Македонија. Економски Ја клекнаа  Македонија на колена, се потенцира во соопштението.

Ова партија потсетува дека над 40.000 лица останаа без работа, дека е создадена 1 милијарда евра нов долг, а во второто тромесечие се бележи пад на БДП од 12,7 проценти.

Претходна вестУмерено облачно со сончеви периоди, вечерва дожд
Следна вестЗошто барања на граѓаните тешко доаѓаат на дневен ред на Советите на општините?