Темен режим Режим на светлина

Уапсен Мухамед Сејдини, екс претседателот на ФФМ, под сомнение за злоупотреба на пари од УЕФА за охридскиот стадион

Уапсен Сејдини екс претседателот на ФФМ, се сомничи за злоупотреба на пари од УЕФА за охридскиот стадион Уапсен Сејдини екс претседателот на ФФМ, се сомничи за злоупотреба на пари од УЕФА за охридскиот стадион

Утрово е уапсен Мухамед Сејдини, поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Според првичните информации тој се сомничи за проневера на 700.000 евра пари од УЕФА доделени на ФФМ за поддршка и изградба на трибина во Охрид.

Акцијата ја спроведува МВР во соработка со Јавното обвинителство. Неофицијално, со доаѓање на новото раководство на ФФМ, увидени се злоупотреби кои се пријавени до МВР.

Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека во рамки на истрага за проневера и злоупотреба е приведено едно лице, а постапката сè уште е во тек.
„Во рамките на предмет оформен во Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници лишија од слобода едно лице поради сомнение за сторени кривични дела проневера и злоупотреба. Во тек се дејствија по наредба на јавен обвинител, а повеќе информации ќе бидат соопштени по нивното завршување“, информираат од ОЈО Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Демократска Партија на Турците на Македонија со коментар на измените на Законот за високото образование

Демократска Партија на Турците на Македонија со коментар на измените на Законот за високото образование

Следна објава
Артан Груби останува во куќен притвор и во наредните 30 дена

Артан Груби останува во куќен притвор и во наредните 30 дена