Терористот Абдул Рахман Беља, попознат како Калед ал-Албани, водачот на албанската терористичка група која се бори против сириската армија, е убиен во северна Сирија.
Според сирискиот новинар Мохамед Даба, тој бил убиен од снајпер на сириската арапска армија во провинцијата Идлиб.
-Снајперистот на сириската арапска армија го фати терористот (Абдул Рахман Бела) со прекар Калед Ал-Албани, кој е воен командант во таканаречената терористичка организација „Албанска група“ која е присутна на фронтот против сириската армија на фронтовите на северна Латакија. Терористот Абдул Рахман Бела потекнува од Македонија, а во Сирија дојде во 2013 година. Тој може да се види на неодамнешната фотографија десно до саудискиот терорист Муслех Ал-Олаани во селото Идлиб, рече Даба на платформата „Икс“, пренесува Макфакс.