Темен режим Режим на светлина

Арсовска почна со градба на булеварот „Љубљанска“

Почнува реализација на булеварот „Љубљанска“, објави денеска Градот Скопје.

Во соопштението се наведува дека, согласно проектот, се работи за ново булеварско решение на улица „Љубљанска“, со поврзување на нов мост на реката Вардар од таканаречен тип “extradosed bridge”.

-Ова сообраќајно решение ќе го олесни движењето на граѓаните на Општина Карпош директно поврзувајќи ја населбата Карпош со улицата „Скупи“. Ваквото решение не само што ќе го скрати времето на патување туку и значително ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот, информираат од Градот Скопје.

На овој потег истовремено покрај булеварското решение се гради и нова велосипедска и пешачка патека со соодветно партерно уредување.

Да се надеваме дека планот ќе се реализира.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Во само 2 недели Државна лотарија на ДУИ и дала 12 милиони евра за апарати за коцкање, рече Стоилковски

Следна објава

Нацоски воодушевен: Трпчески на нозе го крена Милано