Нацоски воодушевен: Трпчески на нозе го крена Милано

Вчера, македонскиот пијанист Симон Трпчески одржа концерт во Милано, а по тој повод се огласи нашиот оперски пејач Благој Нацоски кој за него напиша дека Милано бил кренат на нозе.

– Што да ви кажам, Симон, вечерва, со својот концерт, на нозе го крена Милано🤩, напиша Нацоски во својата објава на „Фејсбук“.

45 – годишниот Симон Трпчески меѓународно истакнат македонски класичен пијанист. Тој е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња.

За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари во светот. Во 2011 Трпчески станува прв носител на титулата национален уметник на Република Македонија.

Претходна вестАрсовска почна со градба на булеварот „Љубљанска“
Следна вестДоговорот со „Митилинеос“ за гасна централа е нов „Чебрен“, предупредуваат инженерите