На Табановце приведени три лица, им недостигале страници од пасошот

Несекојдневна ситуација се случила синоќа два часа по полноќ на граничниот премин ,,Табановце”.

Во 02:40 часот, на граничниот премин Табановце, полициски службеници ги привеле Ш. Н. (51), К. Т. (22) и К. Р. (30), сите од Република Албанија. При пасошка контрола било констатирано дека во нивните патни исправи недостигале по неколку страници.

Со нив бил извршен службен разговор по што биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Претходна вестНово, големо признание за Македонецот: Миовски одново во тимот на колото во Шкотска
Следна вестАнтикорупционерите бараат разрешување на раководството на Фондот за иновации заради дадените грантови на внукот на Ахмети