Темно Режим Светло Режим

Скопјанец си ја убил бабата, прво ја тепал а потоа ја задушил

28-годишен Скопјанец е осомничен дека со умисла ја убил својата баба. Како што соопшуваат од Обвинителството тој прво ја удирал по глава, а потоа ја задушил.

– Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

На 18 јануари, во семејниот дом во Ново Лисиче, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба. Според првичните сознанија, тој ја нападнал удирајќи ја по главата и вратот, а потоа ја задушил.

Advertisement

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците и вештаците или да изврши друго убиство, информираат од Обвинителството.

Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Манасков: Сакам двојна круна со Еурофарм Пелистер

Следниот Пост

Руски хакери го нападнале Мајкрософт