Темен режим Режим на светлина

Ја истепал поранешната девојка, па со другарите го тепале нејзиното ново момче

Штипјанец ја истепал поранешната девојка. Откако ја истепал девојката тој со другарите го тепале и нејзиниот нов партнер.

– На 19.01.2024 во 22.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.В.(22) од Штип затоа што физички ја нападнал неговата поранешна 18-годишна девојка од Штип, а по нападот, тој, Д.М.(20) и Б.П.(22), двајцата од Штип, започнале физичка пресметка со нејзиното момче П.Б.(23) од Штип. Во полициска станица биле приведени Д.М., Б.П. и П.Б. и со нив бил извршен службен разговор, соопштуваат од МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Инстаграм ги предупредува малолетниците да не ја користат таа платформа навечер

Следна објава

Времето во Скопје студено и променливо облачно