Во пожар рано утрово настрада едно лице

Во пожар што избил рано утрово по 4 часот, во селото Отошница, Општина Ранковце, настрада едно лице, соопшти ЦУК. Покрај снегот и студеното време имало повеќе пожари и еден фателен пожар во населени места, при што имало и починато лице, соопштија од таму.

Регионалниот ЦУК Куманово, информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Ранковце, од околу 04:20 часот интервенирале поради опожарена куќа во с.Отошница, во Општина Ранковце. Според известувањето од ТППЕ во пожарот има и починато лице. За да може побезбедно да се интервенира, околу 04:45 часот било побарано и ЕВН да ја исклучи струјата во тој реон. За настанот, покрај Итната медицинска помош, се известени и МВР СВР Куманово.

Пожарникарите од ТППЕ Куманово, од 4.25 до 5.45 часот, со седум пожарникари и едно противпожарно заради опожарена на куќа интервенирале и на ул. „716“ бр.9 во населбата „Баново Трло“.

Претходна вестРакометарките на Ѓорче Петров изборија европско четвртфинале
Следна вестВо сообраќајката на автопатот Куманово-Табановце загина 49-годишна жена