Во сообраќајката на автопатот Куманово-Табановце загина 49-годишна жена

Четириесет и деветгодишна жена од Куманово загинала во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Куманово-Табановце на два километри пред граничниот премин Табановце, соопшти денеска МВР. Во сообраќајката која се случи вчера околу 20 часот учествувале три автомобили, од кои едниот со српски национални ознаки.

– Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово. Со тешки телесни повреди се здобиле В.П. и Б. Т, а со телесни повреди Ѓ.Н., констатирани во болницата во Куманово. соопштуваат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

Претходна вестВо пожар рано утрово настрада едно лице
Следна вестЗибери: Во МВР недостигаат обрасци за пасоши