Тешко повреден 42-годишник, со работна машина излетал од патот

Тешко повреден е 42-годишник од струшкото село Велешта, откако работната машина која ја управувал, излетала од патот, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Во ОВР Струга вчера било пријавено дека околу 16 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, во село Враништа, работна машина со струшки регистарски ознаки, управувана од Б.Н. од село Велешта, струшко, излетала од патот. Во несреќата, Б.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, појаснуваат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

Претходна вестТри медали од „Гран при Кроација“ за каратистите на Макпетрол
Следна вестВо галеријата на МКЦ ќе биде поставена изложбата „Кризата Игра“ со дела на Игор Станоески