Времето во Скопје студено и променливо облачно

Во Скопје времето денес ќе биде студено и променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 2 степени.

Во Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и постудено, претпладне претежно во јужните делови со услови за локален снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени.

Висината на снежната покривка утрово е 25 сантиметри во Дебар, Маврови Анови, 22 во Битола, 21 на Попова Шапка, 18 во Демир Капија, 16 во Тетово, 15 во Берово, 14 на Ѓуриште, Претор, 12 во Охрид, 10 во Струмица, Дојран, 9 во Скопје – Петровец, 7 во Прилеп, 6 во Крива Паланка, Штип, 1 во Крушево.

Претходна вестЈа истепал поранешната девојка, па со другарите го тепале нејзиното ново момче
Следна вестЕден загинат и тројца повредени во сообраќајка на автопатот Куманово-Табановце