Темен режим Режим на светлина

Почина еден од браќата ранети при пукањето во кругот на тетовската болница

Еден од повредените во пукањето кое се случи минатата недела пред Клиничкиот центар во Тетово им подлегна на повредите. Тој починал На Универзитетска клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).

Од КАРИЛ потврдија дека починал постариот од браќата А.М на 41 година. Во пукањето пред девет дена повреден беше и неговиот брат З.М.(36) кој, исто така, се наоѓа на лекување.

Употребата на огнено оружје и ранувањето на двајцата браќа од Гајре се случи на 11 јануари околу 18 часот пред Ургетниот центар на Клиничката болница.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Гранка му го прободела стомакот на дете во Германија додека се санкало

Следна објава

Бајден: Ако Русија победи во Украина, што мислите дека ќе се случи во балканските земји?