До пред година – две жена ми ми го криеше даљинското од телевизорот за да не гледам вести. Ми објаснуваше дека сум многу нервозен откако ќе изгледам шо има да кажат македонските телевизии. И стварно бев нервозен, шо од содржината на вестите – шо од провладината пропаганда која ја тераат скоро сите наши телевизии и нивните уредничиња.
Е, ама сега обратен е процесот – жена ми ме тера да гледам вести. Според неа сега вестите не предизвикувале нервози туку смеа. И седнав ја да гледам… ама не ми е до смеење. Она се смее на сет глас додека у кратки вести му остапиле безброј минути на Заев да објаснува како блескаме. Ама ја различно реагирам – мене жал ме фаќа за човекот, а подзаплачувам од жал за сите нас што тој не води кон блесокот.
И настана една – млака – ама сепак кавга во нашта брачна заедница. Смешни ли се македонските ТВ вестите или жални? На крај и двајцата бевме нервозни. Затоа ја и понатаму нема да гледам вести. Не знам за жена ми дали уште ги третира како комедија, ја у тоа време надвор си шетам. Ем сум мирен ем бракот ни е без кавги.